Државно првенство во Хокеј

Hokej natprevari vo BAHL ligata

Претседателот на Хокејарската федерација Никола Тасев и директорото на спортскиот центар Борис Трајковски Ратко Капушевски денеска на прес конференција го најавија Македонското државно првенство во Хокеј.

Започнувајќи од претстојнииот викенд па во наредните 2 месеца во Македонија ќе се игра хокеј, на големо задоволство што соработката помеѓу спортскиот центар Борис Трајковски и Хокејарскаат федерација на Македонија вродуваат со плод и можам да кажам дека после 25 години или прв пат од осамостојувањето на Македонија ќе се одржи државно првенство во Хокеј. Искуството што го собравме во изминатите години и условите што ги дава спортскиот центар Борис Трајковски придонесоа до афирмација и омасовување на овој спорт и заинтересираноста е се поголема и поголема. Спортскиот центар Борис Трајковски и јас како негов менаџер сме подготвени да излеземе во пресрет и да бидеме дел од секој спорт што би значело афирмација на Македонија на меѓународна сцена, се надеваме дека ова е само почеток на еден убав дел од хокејот во Македонија и според моите проценки во наредните 3-4 години би можеле монтажниот мраз што сега е надвор од спортскиот центар да биде лоциран внатре и да организираме едно големо натпреварување во Хокеј изјави Ратко Капушевски.

Hokej natprevari vo BAHL ligata

Претседателот на Хокејарската федерација Никола Тасев изјави дека како федерација ги прават сите можни напори да се подигне нивото на Хокеј во Македонија. Се планира првенството да се игра во претстојните два месеца и кон крајот на Март да се добие државниот првак на Македонија во хокеј. Ќе се натпреваруваат три екипи од Македонија, ХК Металург, ХК Вардар и ХК Фаворит-Кико и како четвртта екипа ќе учествува екипата на Ред Стар од Софија. Мора да се напомене покрај ХК Металург и ХК Вардар, хокејарскиот клуб Фаворит Кико е составен од ветерани кои добро ја познаваат хокејарската игра и имаат играно во тогашната прва лига на Југославија. Предвидуваме светла иднина на Хокејот во Македонија и со надеж и нашите тимови и македонската репрезентација еден ден сигурно да заиграат квалификациски натпревар за Европско, Светско првенство додека тимовите квалификации за Континентал купот кој е на рамниште на Лига Европа во фудбалот изјави Тасев.

 

Имајќи ги во предвид искуството организираноста и натпреварувачката форма на тимовите, настапите на ХК Металург во Балканската Хокејарска лига му даваат исклучителна предност пред останатите тимови. Така да можеме да кажеме дека ХК Металург е благ фаворит за освојување на шампионската титула. Едно е сигурно во наредните два месеца ќе може да се ужива во вистински хокеј со натпреварувачки карактер.

 

Натпреварот помеѓи Металург и Ред Стар од Софија се очекува да биде пренесуван и на МТВ.

Share