Металург го преслуша и лидерот Динамо Софија

FrendlyGame-163318

Хокеарскиот клуб Металург, по победата над Ајс Девил, денеска успеа да го совлада и лидерот на А дивизијата во БАХЛ, тимот на Динамо Софија со 9-3, по периоди (3-2 1-0 5-1). Македонскиот претставник во ова натпреварување, по низата засилувања конечно се консолидира и врза две последователни победи. 

Денешниот натпревар проти Динамо, за разлика од оној вчера против Ајс Девил, беше значително понеизвесен. Клучната предност за нова победа, Металург ја направи во последниот период кој убедлиово го доби со 5-1. Погодоците за Металург на денешниот натпревар ги постигнаа: Немања Николиќ (02:10 и 08:32 минута), Зоранчо Гриовски (14:47 минута), Миодраг Павловиќ (25:10 мин.), Александар Миљушковиќ (43:10 и 49:10 минута), Владимир Ливтовац (54:48 и 57:47 минута) и Антон Викланд (59:47 минута)

Веќе утре, во рамките на БАХАЛ, „металурзите“ со почеток од 07 часот играат уште еден натпревар, против грчки Ол Стар, клуб од кој во досегашниот дел од сезоната нашиот клуб има два порази.

Share