Едукативна спортска работилница на тема: „Спортови на мраз“

RabotilnicaHokej-1446

Монтесори центарот со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на РМ веќе втора година по ред реализира едукативни спортски работилници кои имаат за цел кај децата од најрана возраст да се развие љубовта кон спортот и интерес за практикување на одреден спорт.

Овој месец поттикнати од ЗОИ во Сочи се реализираат четири работилници поврзани со зимските спортови. На 22 февруари (сабота) се одржа едукативна спортска работилница на тема: „Спортови на мраз“, во соработка со Федерацијата за хокеј на РМ а предводена од преставникот на ХФМ, г- дин Љупчо Тануровски. На работилницата учество земаа 11 деца на возраст од 4 до 10 години под водство на двајца Монтесори воспитувачи од Македонското Монтесори Здружение. За децата беше приредено вистинско уживање на лизгалиштето при СРЦ „Борис Тракјовски“.

Децата од Монтесори центарот имаа можност на непосреден начин да се запознаат со специфичната игра карактеристична за хокејот, основните правила, опремата, а исто така можеа да стекнат и лични искуства во ракувањето со хокеарската палка.

На презантацијата беше присутен и преставник на ЦРВЕНИОТ КРСТ – Карпош, Димитар Соколовски, кој ја презентираше и безбедноста во зимските спортови, со покажување на сетот за прва помош и симулирање на интервенција. Колуминација на задоволството беше лизгањето на мраз, кое за многу од децата беше прво такво искуство.

Би сакале да изразиме голема благодарност до преставникот на ХФМ Тануровски за прекрасниот начин на кој успеа на децата да им го доближи хокејот и воопшто спортовите на мраз. Работилницата финишираше во Монтесори центарот со креативни изработки на хокеарска опрема, како и костими за уметничко лизгање.

За освежување на учесниците од страна на фирмата СУНА беа обезбедени кроасани и негазирана вода.

 

Share