Грци декласирани од ХК Металург

Metalurg_AllAtar

Македонскиот преставник во Балканската хокеарска лига, Металург на најубав можен начин, со победа над грчкиот Ол Стар со 10-1 ( 3-0,3-1, 4-0) го заокружи успешниот викенд во БАХЛ, на дуелот кој остана одбележан и од крвавата тепачка на три минути пред крајот предизвикана од исфрустрираните Грци.

Нашиот клуб, по претходните победи против Ајс Девил и лидерот Динамо Софија, успеа да му се реваншира и на грчкиот претставник во ова натпреварување за двата минимални порази сезонава.

Металург како и во претходните два натпревари, викендов, убедливо, со висок резултат му нанесе прв пораз во меѓусебните дуели на Ол Стар. Погодоците на денешниот натпревар во нашиот клуб ги постигнаа: Урош Алексиќ (2:17 и 57.30 мин.), Урош Павловиќ (21:46 и 28:15 мин. ), Урош Бановиќ (51:20 мин.), Владимир Литовац (3:47 мин.), Немања Николиќ (15:50, 45:08 мин.) и Стефан Децковски (34:30 и 41:00 минута).

Сепак, она што го одбележа дуелот е жестоката, општа тепачка на мразот буквално меѓу сите играчи од двата клуба. Масовната тепачка која траеше безмалку две минути, на крајот резултираше со повреди кај двајца хокеари на Ол Стар кој мразот го напуштија облеани во крв. Двајца грчки хокеари, според информациите, со скршен нос го завршиле натпреварот.

На три минути пред крајот, при контра на Металург, противничкиот играч Маша неспортски стартуваше врза наш играч, односно непрописно му ја задржа палката. Истиот играч, Маша место спортски да се извини, за неспортскиот потег, тргна со тупаници кон нашиот играч по што настана масовна тепачка, влегоа и играчите од клупите. Во текот на целиот натпревар, како на мразот така и на клупата за резерви од страна на Ол Стар беше тензично и со неспортски потези, нервоза која резултираше со тепачка, токму на крајот од мечот кога победникот веќе се знаеше. Што се однесува до самиот натпревар, како и претходните два, викендов, можам да истакнам едно големо задоволство, што конечно по напорната работа стигна она што мислам дека веќе од поодамна го заслуживме” – изјави за ЕКИПА, претседателот на Металург, Дарко Пешевски.

Metalurg_AllAtar1

На Металург, до крајот на сезоната во БАХЛ, му преостануваат уште два натпревари против тимот на Ред Стар, натпревари што би требало да бидат одиграни во Скопје.

Share