Металург во БАХЛ лигата

Hokej natprevari vo BAHL ligata

Ова беше осми натпревар во дебито во оваа конкуренција за Металург, последен годинава, сите одиграни во Софија, со ефект од седум порази и едно реми (против бугарска Црвена ѕвезда 6-6).

Во третиот циклус на натпревари екипата на Металург изигра солиден натпревар и загуби минааимално за разлика од првите гостувања. Тренинзите на мраз во Скопје ги покажуваат резултатите, сепак екипата имаше само 8 тренинзи на лед и работата на рускиот тренер Димитри Прокудин се очекува наскоро да даде позитивен резултат.

Во првиот натпревар Металург загуби со 1-3 (0-1, 0-2, 1-0), а во вториот со 2-4 (2-2, 0-2, 0-0). Голот за скопјани во првиот натпревар го постигна Србинот Александар Мијушковиќ, а во вториот стрелци беа повторно Мијушковиќ и Словенецот Јернеј Пејановиќ.

Во февруари 2014 година, на лизгалиштето на СЦ „Борис Трајковски“, на фестивалот на хокејот во Скопје, како што велат луѓето од Металург, ќе се одржи завршниот фајналфор-турнир во БАХЛ. На турнирот ќе настапат првопласираните две екипи од двете групи, Ајс девилс и Динамо, односно Ајс девилс 2 и Динамо Днепар, сите од Бугарија, плус домаќинот Металург надвор од конкуренција.

 

Share