Хокеј викенд во Софија

Hokej natprevari vo BAHL ligata

Хокеј клубот на Металург овој викенд ги одигра натпреварите од четвртото, петото и шестото коло во Балканската хокеарски лига. Натпреварите и овојпат се одигра во Софија, во ледената арена при спортскиот комплекс на Слваија.

Металург кој беше засилен со неколку нови играчи одигра далеку подобро од првите кола и со малку среќа можеш да запишен и некоја победа. Тренинзите на лизгалиштето на СЦ Борис Трајковски изминатите две седмиви придонесоа играта на Металург да се подобри драстично што се гледа и по резултатите на клубот.

Во петокот Металург загуби од тимот на Ајс Девил со резултат од 6-4( 1-1, 3-3, 2-0), натпревар на кој нашиот клуб имаше преднос од 4-2 но контроверзното судење го сврте резултатот во полза на домаќинот.

Натпреварот кој се играше во саботат против тимот на Динамо од Софија кој го загубивме со резултат од 6-5(3-2, 2-0, 1-3) можеби беше и најдобриот натпревар во досегашниот дел од сезоната, натпревар на кој Металург пружи одлична игра против актуелниот шампион на БАХЛ.

Последниот натпревар од овој викенд кој Металург го одигра рано наутро против тимот на Ред Старт заврши нерешено со резултат од 6-6 (2-2, 1-3, 3-1), резултат што воедно го донесе првиот бод за клубот во БАХЛ. На овој натпревар нашиот клуб на десет минути пред крајот имаше преднос од три гола но неуспеа да ги задржи до крајот.

Металург овој викенд настапи во следниот состав: Владимир Атанасов, Ристо Аиновски, Ѓорги Грчевски, Зоранчо Гриовски, Ивица Ташаков, Кристијан Ташевски, Тарик Гочмен, Самоил Арсов, Иван Бачовски, Васил Шишковски, Јоргос Корецис, Владимир Мангаровски, Лукас Хацијанис, Маноли Тегос, Александар Мијушковиќ и Бошко Јовановиќ.

 

 

 

Share