Фестивалот за хокеј во Софија

BIHU_2013-6349

Македонскиот тим замина на патувањето на IIHF BIHU U14 Festival, во Софија, Република Бугарија. На Кампот заминаа 11 играчи придружувани од тренерот Димитри Незнамов и асистентот Зоранчо Гриовски

Тимовите беа распоредени во 8 мешани тимови кои ги сочинуваа играчите од Словенија, Хрватска, Романија, Србија, Македонија, Турција, Бугарија, Босна и Грција.

Во текот на престојот тимовите имаа секој ден по еден утакмица на цел терен и натпревар cross ice (се игра на една третина 2 х 20 мин. со измени на секои 2 мин.). Во текот на престојот беа извршени и две тестирања Skills Challenge каде беа извршени две тестирања на играчите. Значајно е да се напомене дека кај сите играчи, по неколкудневните тренинзи на лед се покажа напредок во лизгањето и подобри резултати на вториот  Skills Challenge .

Во текот на турнирот беа одиграни вкупно 16 натпревари и 8 Cross – Ice Games.

На Фестивалот кај сите 11 учесници кои секојдневно имаа тренинзи и натпревари на мраз, се покажа нивно подобрување во совладувањето на техниката лизгање и поуспешно совладување на вештините отколку на синтетичкиот мраз.

Share