Прв меѓународен турнир во Скопје

Smotra Izvidnici

Со одигрување на првиот натпревар од Турнирот во хокеј на мраз официјално беше отворена новата, комплетно опремена арена за хокеј на мраз што граѓаните ќе ја имаат на располагање наредните зими, единствено во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Турнирот  беше закажан по повод на 13ти ноември во чест на одбележувањето на денот на ослободувањето на Скопје. На 14.11.2013 свечено беше отворена хокеј арената со одигрувањето на натрпреварот помеѓу ХК „Белкамнефт“ од Ижевск, Русија и ХК „Kaiserslautern Eagles“ од Кајзерслаутерн, Германија кој заврши 12:1 за Русите.

Со отварањето на новата арена се очекува популаризација на овој спорт кој пред повеќе од 25 години имаше многу приврзаници , но поради големата пауза згасна. Се надеваме дека повторно ќе биде вратен сјајот на хокејот и исто така како во 1969 годин ќе организираме натпревари од Светскиот Куп. Школата за хокеј која веќе има база на млади дечиња сега ќе има можност да функционира во соодветни услови, а од Хокеј Федерацијата на Македонија се очекува дополнително да развие клубови доволни за формирање на лига и учество на меѓународни натпреварувања.

Share