Македонската инлајн-хокеј репрезентација на квалификации за СП 2014

Квалификацискиот турнир кој на нашите хокеари може да им обезбеди место на СП 2014 се одржува во Пасау, Германија во периодот од 9. до 11. август.

На овие квалификации, нашите репрезентативци ќе се соочат со репрезентациите на Летонија и Ирска.

И иако нашите хокеари се мотивирани и спремни за успех, тие велат дека се разочарани поради откажувањето на големиот „мотиватор“ – репрезентацијата на Грција, односно тимот против кој првично требаше да се соочат, уште на самото отварање на квалификацискиот турнир.

 

Покрај Грција, учеството на турнирот во Германија во последен момент го откаќаа и Турција, Израел, Шпанија и Португалија.

Share