Историјат

Hokej_Vardar_1977_003

Хокејот во Македонија е донесен во 50-тите години на минатиот век од страна на македонци кои студирале, работеле или живееле во тогашната Чехословачка. Се до 1969 год. кога Скопје ја доби организацијата на Светското првенство во хокеј на мраз за Ц група, натпреварите на тогашната екипа Скопје се одигрувале на лизгалишта ширум тогашната Југославија, а претежно во Белград на лизгалиштето Ташмајдан.

Hokej_Vardar_1977_019

По одржувањето на Светското првенство, се формираше ХК Вардар и почна со собирање и селектирање на младинци кои требаше да ги наследат старите хокеари. Така се формира младински клуб кој што се натпреваруваше во втората хокеарска лига на Југославија, исто како и сениорската екипа.

Младинците бргу напредуваа во учењето на хокеарските вештини и во раните 80-ти години еднаш беа вицешампиони на Југославија ( Крањска Гора беше првак), а наредната година беа трети и во борбата за трето место ја победија екипата на Цеље.

Сениорската екипа на ХК Вардар во 1986 година стана првак на Втората лига и автоматски се квалификуваше во Првата лига. За жал, заради административна грешка со членските книшки, ХК Вардар беше дисквалификуван и не стана член на првата хокеарска лига на Југославија.

Тоа што не му успеа на ХК Вардар, му успеа на ХК Скопје. Во периодот од 1987-1989 година таа екипа играше во првата Југословенска лига, се до распадот на Југославија.

Од 1990 па се до 1999 година беше период на непостоење на хокеарската федерација на Македонија. Тогаш на иницијатива на неколку вљубеници на хокејот се направи основачко собрание во просториите на градскиот сојуз на спортови, се избра Претседател ( Никола Тасев ) и продолжи традицијата.

Повторно, за жал, во 2002, хокеарската федерација беше избришана од регистерот на спортови во наредните 4 години. Во 2006 година конечно федерацијата застана на цврсти нозе и почна да собира млади вљубеници на лизгалиштето на Кале, со што повторно се почна од 0.

3 години федерација се бореше со барање на место во семејството на спортовите во Македонија и конечно минатата година собра 40-тина млади момчиња и почна со тренинзи.

Паралелно со хокејот на мраз, се вежба и ИНЛАЈН хокеј, после зимската сезона, И минатиот месец јуни Македонија за ПРВ ПАТ учествуваше на квалификации за Светско првенство во Софија, каде што не успеа да се квалификува, првенствено заради недостаток на искуство, финансии, опрема и терен за тренирање.

Оваа година се одиграа неколку натпревари во хокеј на мраз со екипите на Босна од Сараево, Ираклис од Солун, со што може да се каже дека хокејот во Македонија почна со активности. Набавена е половна опрема од Бугарија за сите хокеари и 3 голмански опреми. Очекуваме помош во опрема од донатори кои живеат во земји каде што хокејот е на високо ниво, а исто од донатор и спонзори во нашата земја.

Исто така и ова година планираме да учествуваме на квалификации за светско првенство во ИНЛАЈН хокеј.

Федерацијата активно соработува со основните училишта каде е базата за изнао|ање на млади хокеари. Така, ова година потпиша меморандум за соработка со ОУ Партенија Зографски. Со тој меморандум се планира да се направи игралиште за ИНЛАЈН хокеј на местото на старото училишно игралиште за фудбал и ракомет. Во тој проект ќе учествува Агенцијата за млади и спорт, слично како што се градат тениски игралишта И други спортски објекти.

Федерацијата се обврзува кога ќе се изгради тоа игралиштед а партиципира со техничка помош, опрема и организација на екипи од 5-те училишта во околината на тоа прво игралиште за инлајн.

Исто така, на тоа игралиште федерацијата ќе го развива и STREET хокејот, каде што играчите се со патики а имаат опрема исто како за ИНЛЈН хокеј.

 

 

Share